понеделник, 9 юни 2008 г.

Женски фустан

Многумина еС-Де-С-овци беа фасцинирани од способноста на г-ѓа Шекеринска за краткорочно размислување. Истите беа многу горди на сопственото убедување дека никој не може да ја надговори нивната лидерка која интимно во себе веруваше дека таа нејзина мана и дава компаративна предност во однос на нејзините политички конкуренти. На самобендисаните еС-Де-С-овци дополнителна сигурност им влеваше и новиот тинејџерски имиџ на лидерката на СДСМ кој како турбофолк хит хармонично се вклопуваше во мотото: „Социјалдемократијата е секси“ (што ќе рече: Рада е секси).

Но, прекумерните фалби, паунската надменост која извираа од премавнувањето на пубертетски комплекси на г-ѓа Шекеринска и левичарскиот презир на граѓанската способност да се мисли трезвено со своја глава, го закрепнуваа верувањето дека СДСМ е кочничарот на напредокот во секој поглед, а лидерката на коалицијата „Сонце“ е нездрела личност која заглавила во својот пубертески филм (во кој, таа, од „грдо пајче“ се преобразува во сексипилна, славна и обожавана личност налик на Мерелин Монро).

Во жанрот на добра француска комедија, како муви без глави, во овој филм во минорни ролји и како стаисти влетаа и Бранко Цревнковски (кој нели не завзеде страна во кампањата); и Јани Макрадули; и Игор Ивановски Шема; и Андреј Петров; и Зоран Заев; и Јово Манасијевски; и Тито Петковски; и Стојан Андов, но не и Никола Поповски, Кондарко... Следствено на тоа се поставува прашањето: до следните претседателски и локални избори кои ќе се одржат догодина, кој ќе биде новиот лидер на СДСМ? Баба Зумбула секако - не!

Во СДСМ секако има многу јунаци кои не се плашат од „женски фустан“. Но, од познатите фаци на СДСМ изгледа само Никола Поповски има некаква претстава за економија (т.е. за една од силните страни на Премиерот Никола Груевски и други истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ). Секако и со Никола Поповски на чело на СДСМ социјалдемократијата ќе биде исто толку секси како и со г-ѓа Шекеринска, затоа што г-нот Никола Поповски веројатно основано го бие глас дека имал истенчен вкус за она што се крие под „женски фустан“. Потоа, со Никола Поповски како лидер на СДСМ, еС-Де-Совците ќе бидат сигурни дека нивниот лидер кога ќе го кани Премиерот на tv-дуел нема да го кани и на „женски фустан“.

P.S.

Според најново инсајдерско тврдење, Андреј Петров ќе бил новиот лидер на СДСМ, а Никола Поповски само новиот генерален секратар на СДСМ.

1 коментар:

Спас Баневски каза...

Сите монтажи се слободни за објавување на www.blog.com.mk или www.bloger.com.mk