неделя, 29 юни 2008 г.

Кој ќе биде новиот кардинал на св.сдсм?



Под заглавието „Ханџиски стечаен управник на СДСМ “ денешен „Вест“ пишува дека: „ Нов лидер на СДСМ, најверојатно, ќе биде Благој Ханџиски “.

Не ми се верува! Ханџо не е толку глуп како што се шпекулира. За разлика од многу претпазливиот Зоран Заев, Ханџо навистина е способен 4 години во опозиција трпеливо да работи за изборна победа. Но, не само нему, туку и на многумина други во св.сдсм, им е совршено јасно дека без иднина е партијата која прифаќа нејзините значајни политички фигури да играт ролја на пиунка во рацето на возвишенио лидер. Токму затоа, пргнозирам дека под наведените услови Ханџо нема да биде новиот стечан на св.сдсм. Но, ако се нафати бидете сигурни дека ќе направи се во првата прилка лицето Б.Ц. да го прогласи за технолошки вишок на македонската политичка сцена, а самиот тој да се кандидатира за Претседател на Република Македонија. Сепак, сега за сега е неспорно само дека Б.Ц. ќе одлепи од Шекеринска.

Няма коментари: